Фајнал фикшн е оформена во 2007 година како мала компанија со две гранки, лингвистика и видеопродукција. Постепено со анализирање на пазарот како и успешното спојување на искуствата од секторот кој работеше на преводи и видеопродукција, Фајнал фикшн прерасна во водечки мултимедијален центар за локализација во Македонија.
Потребата од точна и професионална локализација за да го доближиме производот, дали било на видеореклама, ТВ-емисија, филм или нешто друго, нè прави да бидеме суштински важни за нашите клиенти кои сакаат да пласираат производ и тој производ да нема јазична бариера. Наши клиенти се телевизиски станици, ИПТВ-платформи, сервиси за видео по порачка, филмски продуценти, маркетинг-агенции и други.
Со текот на времето и со посветеното работење Фајнал фикшн изгради успешен тим кои се посветени на нашите клиенти, како и надворешни соработници како преведувачи, лингвисти, титлери, аудиотехничари, сниматели, видеомонтажери, режисери и многу други професионалци.
Во 2010 година Фајнал фикшн успешно го лансираше проектот „ВО ОГАН – Кој е најдобар готвач?“, телевизиско готварско шоу со натпреварувачки карактер, прво од таков вид на Балканот, кое го позиционира продукциското работење на Фајнал фикшн како сериозен конкурент во областа на видеопродукцијата.
Квалитетното и посветено работење на искусниот тим на Фајнал фикшн, како и флексибилноста кон нашите клиенти во тешки времиња, овозможи да стекнеме стратешки партнери со кои сме безбедни во нашето понатамошно чекорење и растење како компанија која ќе одговори и на најтешките предизвици во својата област.