Фајнал фикшн нуди комплетна видеопродукција што може да им помогне на клиентите да ги остварат своите цели: од идеја и сценарио, до снимање и видеомонтажа. Ги надгледуваме проектите од почеток до крај за да го гарантираме квалитетот на крајниот производ и во текот на целиот тој процес сме во постојана комуникација со клиентите.
Процесот опфаќа: креативни решенија како сценарио, планирање и претпродукција, бирање локации за снимање, бирање или компонирање оригинална музика, графички дизајн, видеомонтажа и постпродукција.
Откако ќе се комплетира производот, може да се достави како засебен фајл или да се емитува на некој од нашите медиумски партнери, како и на социјалните медиуми Јутуб и Фејсбук или на телевизија, со што ќе се обезбедат евтини рекламни решенија.