Видеопродукција

Фајнал фикшн нуди комплетна видеопродукција што може да им помогне на клиентите да ги остварат своите цели: од идеја и сценарио, до снимање и видеомонтажа. Ги надгледуваме проектите од почеток до крај за да го гарантираме квалитетот на крајниот производ и во текот на целиот тој процес сме во постојана комуникација со клиентите.

Процесот опфаќа: креативни решенија како сценарио, планирање и претпродукција, бирање локации за снимање, бирање или компонирање оригинална музика, графички дизајн, видеомонтажа и постпродукција.

Откако ќе се комплетира производот, може да се достави како засебен фајл или да се емитува на некој од нашите медиумски партнери, како и на социјалните медиуми Јутуб и Фејсбук или на телевизија, со што ќе се обезбедат евтини рекламни решенија.

Нашиот тим

Што рекоа нашите клиенти за нас?

Зошто да не одберете нас?

Нашето професионално искуство во услугите што ги нудиме и нашето богато портфолио од 2007 г. се гаранција дека во нас ќе најдете доверлив партнер за вашата работа.

  • ПРЕВОД И ТОЛКУВАЊЕ
  • ЛОКАЛИЗАЦИЈА
  • ТИТЛУВАЊЕ
  • ТРАНСКРИПЦИЈА
  • НАТСИНХРОНИЗАЦИЈА
  • ВИДЕОПРОДУКЦИЈА
  • ВИДЕОМОНТАЖА
  • И МНОГУ ПОВЕЌЕ…

Јазичната локализација е процес кој значи адаптација на преводот на одреден производ за одредена земја или регион. На пр. ако ТВ-канал на англиски сака да ја емитува својата содржина во Македонија, треба да ја прилагоди содржината на локалниот јазик. Ова се однесува и на рекламите, јавните настани и сите маркетиншки активности независно дали се наменети само за интернет.

Нашите стручни искусни преведувачи и толкувачи специјализираат во различни видови превод. Усовршувањето на вештините за технички текстови подразбира постојана обука на преведувачите, искуство, труд и одговорност. Преводот се смета за квалитетен ако не се забележува дека е превод, а кон тоа ниво на квалитет се стремиме секој ден за сите наши преведувачи.

Транскрипција означува испишување на говор или аудиоматеријал во писмена форма како текст-документ.

Видоепродукцијата претставува создавање на видеоматеријал. Постојат најразлични типови на видеопродукција. Најзастапени се филмската и телевизиска продукција, телевизиските реклами, вебрекламите, компаниските видеореклами, рекламите за производи, интервјуа, снимањето на настани и свадби.